Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти наредните два натпревари што ќе ги одигра Милан. Ибрахимовиќ, во саботата, доби црвен картон на натпреварот против Парма. Се уште е познато што точно напаѓачот на Милан му дофрлил на судијата Марсека.
Италијанските медиуми, веднаш по мечот објавија дека Швеѓанецот го пцуел судијата.
Милан, ќе ја обжалат оваа одлука и се надеваат дека суспензијата ќе биде само еден натпревар.
Инаку, покрај Ибрахимовиќ, на ладење ќе оди и судијата Марсека. До нема да биде делегиран на наредните неколку натпревари, а извесно е дека нема да им суди на Милан до крајот на сезоната.