Легендарниот шведски фудбалски интернационале, Златан Ибрахимовиќ ќе остане во редовите на Милан и во наредната фудбалска сезона со гарантирана плата од 6 милиони евра.
Како што пренесува „Gazeta delo sport“, Ибрахимовиќ кој на 3. октомври ќе наполни 39 години ќе добие и одредени бонуси – 500.000 евра за евентуално освојување на ЛЕ, 500.000 евра за пласман во ЛШ, како и финансиски додаток за бројот на постигнати голови.
Ибра во јануари годинава го започна вториот мандат кај „Росонерите“ откако претходно ја заврши американската авантура кај ЛА Галакси.
Од неговото доаѓање на „Сан Сиро“ на почетокот на годинава настапи на 18 меча и постигна 10 гола, а еднаш стрелаше прецизно и на двата меча одиграни во Купот на Италија.