Top Sport

Ибрахимовиќ: Павон е предобар за МЛС, нема долго да остане овде!

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ не се случува често да упати комплименти кон друг фудбалер, па затоа неговата пофалба би требало многу да значи. Сега ја заработи Аргентинецот Кристиан Павон, негов соиграч во ЛА Галакси.

Павон имаше прилика да ја продолжи кариерата во лондонски Арсенал, но сепак се одлучи за МЛС лигата кај Ибрахимовиќ. Швеѓанецот е воодушевен од Аргентинецот и смета дека тој нема долго да остане во Американската лига.

„Многу е добар, предобар за МЛС. Мислам дека нема овде долго да остане, треба да уживаме во неговите настапи додека е тука. Кога имате таков играч, тогаш не треба многу да се зборува. Комуницирате на теренот и го извлекувате најдоброто. Тој знае што прави. Ова му е само втор меч и веднаш беше најдобар на теренот, тој е играч што ја прави разликата. Играв со многу сјајни играчи и ги гледав тие кои ја прават разликата. Тој е баш таков“ – вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top