Top Sport

Ибрахимовиќ преговарал со Наполи

Златан Ибрахимовиќ и неговиот менаџер Мино Рајола ги отвориле преговорите со Наполи, потврдил за италијанските медиуми првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

„Ибрахимовиќ ми е пријател. Неодамна приватно го сретнав во Лос Анџелес. Ги поканив него и неговото семејство на вечера, преубаво си поминавме“, рекол Де Лаурентис.

Ибрахимовиќ од јануари ќе биде слободен играч. Негова желба е да се врати во Европа за да покажел дека и на 38 години може да игра на врвно ниво. Тој најчесто се поврзува со екипи од Серија А. Во минатото тој во Италија играл во Јувентус, Интер и Милан.

Преговорите со Наполи биле отворени, но според „Скај Италија“ далеку се од реализација. Финансискиот дел засега е проблемот што не може да биде решен.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Ибрахимовиќ барал 18 месечен договор за 7,5 милиони евра, додека Де Лаурентис му понудил 1,5 милиони за првите шест месеци, односно до крајот на сезоната, а потоа уште три милиони за следната година од договорот.

Според Де Лаурентис, доколку Ибрахимовиќ навистина сакал да игра во Наполи, тогаш ќе ја прифати она што му го нуди клубот.

Scroll to Top