Златан Ибрахимовиќ упати жестока провокација до поранешниот соиграч од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку. Пресметката овие двајца ја започна минатиот месец, во Купот на Италија, кога соиграчите спречија физичка пресметка.
Не е мал бројот на оние што се сомневаат во годините на Лукаку. Тоа трае уште од моментот кога зачекори на големата сцена, кога како 17-годишник доминираше во Андерлехт, што му овозможи трансфер во Челси.
Тукму со Андерлехт, Лукаку го има освоено едниствениот трофеј во досегашната кариера.
„На 27-годишна возраст го освоил првиот трофеј во кариерата. Бил шампион на Белгија во 2010 година. Што сакате уште да кажам“, рекол Ибрахимовиќ.
Инаку, според документите што ги поседува Лукаку е роден на 13.мај 1993 година во Антверпен.