Top Sport

Ибрахимовиќ: Шведска-Данска во 2004 не беше „наместена“

Златан Ибрахимовиќ го предизвика вниманието на италијанската фудбалска јавност пред баражот за СП меѓу Италија и Шведска, и му беше поставено неизбежното прашање – дали мечот меѓу Данска и Шведска на Евро 2004 година беше „наместено“ за да испадне Италија.

На ЕП во Шпанија и Португалија во 2004 година, во групата Ц, покрај Италија, Шведска и Данска играше и Бугарија и првите три репрезентации стигнаа до пет поени – победувајќи ја Бугарија и одигрувајќи нерешено во другите натпревари. Пред последното коло, единствен начи Швеѓаните и Данците да се пласираат беше да одиграат 2:2. Во контроверзен меч, резултатот беше токму тој – 2:2. Ибрахимовиќ не постигна гол, но одигра 90 минути во мечот.

„Тоа беше нормален натпревар и резултатот дефинитивно не беше наместен. Секој кој ме познава  сфаќа дека јас не прифаќам такви работи. Секако, во таков случај луѓето бараат изговори, но тоа се само празни зборови“, вели Ибрахимовиќ.

36-годишниот Ибрахимовиќ веќе не е дел од шведската репрезентација и вели дека „викинзите“ можат да изненадат.

„Шведска игра без притисок, бидејќи откако си заминав, никој не очекува многу од нив, ниту медиумите, ниту фановите. Кога јас играв, нивото беше ’кренато’. И покрај тоа, имаме добар тим , само со помалку одговорност. Играчите не се искусни, но амбицијата е голема. Дали би играл ако се пласираме? Не, мојата приказна со ’трите круни’ е завршена. Ќе бидам во Русија како гледач“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top