Top Sport

Ибрахимовиќ за две недели ќе замине од Манчестер јунајтед

Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Манчестер јунајтед во наредните две недели, објави ЕСПН.

Ибрахимовиќ (36) минатото лето стана слободен играч откако му заврши едногодишниот договор со „црвените ѓаволи“, меѓутоа двете страни ја активираа клаузулата договорот да биде продолжен а уште една сезона.

Шведскиот интернационалец, минатата сезона беше најдобриот играч на Манчестер јунајтед се до моментот кога се здоби со тешка повреда на коленото, во четврт-финалето во Лига Европа.

Ибрахимовиќ успеа да се рехабилитира од повредата, во тимот се врати побргу од сите прогнози, но никако не успеа да ја „пронајде“ старата форма. Од мометот кога се врати во тимот има одиграно само седум натпревари, а не бил во комбинација за настап уште од 26 декември минатата година.

Како сега стојат работите тој меч против Барнли ќе биде запишан како негов последен во дресот на Манчестер јунајтед.

ЕСПН пишува дека иако неговиот договор со клубот важи уште четири месеци, тренерот Жозе Мурињо му дозволил предвреме да си замине.

Според истиот извор Ибрахимовиќ веќе договорил соработа со ЛА Галакси, во МЛС лигата на САД.

Галакси ќе биде деветтиото клуб во кариерата на Ибрахимовиќ, а претходно играл за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.

Ибрахимовиќ за Манчетсер јунајтед има одиграно 53 натпревари на кои постигна 29 гола.

Scroll to Top