Top Sport

Ибриши го Влаховиќ за 20 евра

Фиренца се уште е во шок по заминувањето на Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец, во финишот од преодниот рок, ја напушти Фиорентина и се пресели во Јувентус.

Навивачите не можат да се помират со фактот дека нивниот најдобар играч замина во редовите на најголемиот спортски непријател и покрај тоа што Фиорентина од трансферот заработи 81.600.000 евра.

Фиорентина се обидува во целост да го избрише Влаховиќ од меморијата на навивачите. За таа цел клубот покрена акција, навивачите за 20 евра да го избришат презимето на Влаховиќ.

Во клупската продавница, сите оние кои ја имаат „деветката“ со презимето на Влаховиќ, ќе можат да го испишат своето име или презиме или да г стават презимето на новата „деветка“, Кабрал.

Scroll to Top