Роберто Карлос, еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, во кариерата имал можност да игра со најголемите ѕвезди. Играчот познат по силниот удар, го избрал својот идеален тим, а во него има место само за еден фудбалер кој никогаш не му бил соиграч.
На голот на овој тим е Икер Касилјас, а четворката во одбраната покрај Роберто Карлос ја сочинуваат Фабио Канаваро, Кафу и Паоло Малдини, играч кој никогаш не ја делел соблекувалната со Бразилецот.
Тројца во редот за врска се Зинедин Зидан, Клод Макелеле и Кларенс Сидорф, а напаѓачи Роналдињо, Луис Фиго и Бразилецот Роналдо.
Нјголемиот дел од својата кариера Роберто Карлос го минал во Реал Мадрид, а настапувал и во Коринтијанс, Интер, Фенербахче.. Со Бразил стана светски првак во 2002 година. За Бразил одиграл 125 натпревари и постигнал 11 гола.