Иднината на Ерлинг Халанд ќе биде позната следната недела, тврди спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, кој додава дека нема да биде изненаден ако норвешкиот напаѓач замине.
Последните недели британските медиуми тврдеа дека е „готова“ работата околу трансферот на Халанд во Манчестер сити, но засега нема потврда, а тој има договор со Дортмунд и следната сезона, иако има клаузула во договорот со која може да замине ова лето за 75 милиони евра.
„Очекувам појасна ситуација следната недела. Не би бил изненаден на крајот тој да замине. Но, ќе видиме“, открива Кел за „Спорт 1“.