Top Sport

И идолите имаат свои идоли

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се фудбалски идоли за милиони деца ширум светот, но не заборавајте и тие некогаш биле деца и имале свои идоли и сништа дека некогаш ќе станат големи фудбалски ѕвезди.

Меси никогаш не крие дека негов голем идол бил Пабло Аимар, додека Кристијано Роналдо и на вакво прашање го покажува своето големо его и вели дека како дете ги следел Луис Фиго и Руи Кошта, но дека најмногу секогаш го мотивирал Кристијано Роналдо.

Лионел Меси-Пабло Аимар

Меси секогаш го почитувал Диего Армандо Марадона, но додека бил дете најмногу следел сонародникот, седум години повозрасниот Пабло Аимар. Подоцна Меси имаше можност да игра покрај Аимар во репрезентацијата на Аргентина.

Кога Меси пристигна во Европа, Аимар веќе беше голема ѕвезда, играч кој со Валенсија освои две титули во Примера и по една во Купот на УЕФА и европскиот Суперкуп. Аргентинците во тоа време Аимар го нарекуваа „новиот Марадона“.

Кога објави крај на кариерата, Меси во 2015 година со емотивна порака го испрати в пензија.

„Ти благодарам што ни дозволи да уживаме во тоето масторство“.

Кристијано Роналдо-Кристијано Роналдо

Најдобриот играч во светот инспирација имал во Кристијано Роналдо! како што откри во едно интервју, човекот кој им е инспирација на милиони деца, никогаш инспирација не барал во само еден фудбалер.

„Како дете ги следев Луис Фиго и Руи Кошат. Сонував да играм на тоа ниво. Ги почитувам големите играчи и спортисти, но секогаш самиот себеси се мотивирав, така е и денес“, рекол Кристијано Роналдо.

Чави-Мет Ле Тисие

Шпанскиот волшебник цела деценија беше главниот архитект на играта на Барселона и националниот тим. Пред да стане еден од најдобрите во светот на својата позиција негов идол бил Мет Ле Тисие, легендата на Саутемптон. Чави се воодушевувал на неговите неверојатни голови, кој ги гледал секој понеделник на шпанската телевизија. Кога дозна за ова Ле Тисие се појави во маичка на која пишувало: „Чави ме сака“.

Дејвид Бекам-Брајан Робсон

Иконата на светскиот фудбал, Дејвид Бекам, како дете сакла да биде како еден од легендарните капитени на Манчестер јунајтед, Брајан Робсон. Овој човек најдолго бил капитен на „црвените ѓаволи“ (1981-1994). Бекам ги оствари сништата, ја наследи „седумката“ од Робсон во Манчестер јунајтед и капитенската лента во репрезентацијата на Англија.

Серхио Агуеро-Мајкал Овен

Агуеро е еден од најопасните напаѓачи во Премиер лигата, а додека бил дете таков бил неговиот идол Мајкл Овен. Прославениот голгетер во кариерата играл за Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

„Кога бев дете сакав да бидам Овен“, признал во едно интервју напаѓачот на Манчестер Сити.

Фернандо Торес-Кико

Деценија пред да се појави во сениорскиот тим на Атлетико Мадрид, навивачите на овој тим му се поклонуваа на Кико. Овој напаѓач беше една од големите ѕвезди на шпанскиот фудбал во 90.те години од минатиот век, шпански репрезентативец и член на една од најславните генерации на Атлетико.

Идеален избор за идол на тогаш младиот Торес, кој остави длабока трага во еден од најпопуларните шпански тимови.

Андрес Иниеста-Пеп Гвардиола

Андрес Иниеста денес е икона на Барселона и шпанската репрезентација. Срелец е на најзначајниот гол во историјата на шпанската репрезентација, гол со кој Шпанија во 2010 година ја освои светската титула.

Но како дете секогаш се воодушевувал на она што на теренот го прави Пеп Гвардиола, со кого подоцна ги освои сите можни титули во клупскиот фудбал.

Легендата вели дека кога на еден тренинг Гвардиола го забележал тогаш 15-годишниот Иниеста, му рекол на својот помлад соиграч Чави: „Ти ќе ме испратиш в пензија, но ова дете ќе не пензионира и тебе и мене“.

Златан Ибрахимовиќ-Роналдо Луиз Назарио да Лима

„Никогаш нема да се појави подобар играч од Роналдо“, рекол во една прилика Ибрахимовиќ, кој ретко признава дека некој е подобар од него. Слично како идолот и тој во кариерата бил играч на Барселона, Интер и Милан, но според освоените трофеи е далеку од славниот Бразилец.

„Што и да направи со топката е сјајно. Таков фудбалер претходно немало, а го нема ниту денес. Како дете го гледав Роналдо и уште тогаш си помислив дека сакам да бидам таков фудбалер, кој прави разлика на теренот“, рекол Ибрахимовиќ.

Нејмар-Робињо

Во детството денес најскапиот фудбалер во историјата најголем дел од времето се обидувал да ги копира потезите и дриблинзите на осум години повозрасниот Робињо. Нејмар дури и бил во исто време во Реал кога Робињо како голема ѕвезда пристигнал во Мадрид, но за разлика од Робињо тој таму бил само на проба. Години подоцна Нејмар потпиша договор со Барселона. Со своите 25 години Нејмар веќе ја има надминато славата на Робињо, кој исчезна од фудбалската сцена, а неодамна во Италија беше осуден на затворска казна поради силување.

Вејн Руни-Данкан Фергусон

Кога потпиша договор со Манчестер јунајтед, тогшниот фудбалер на Евертон, Вејн Руни, стана најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот. Идолот на многу деца во Велика Британија од најмали нозе сакал да биде напаѓач како што бил Данкан Фергусон, чии постери лепел во својата соба.

Иван Ракитиќ-Роберт Просинечки

„Кога бев дете мојот идол беше Роберт Просинечки, а сега тренирам со него. Ова е неверојатно“, рекол Ракитиќ, кога судбината го спои со Просинечки во хрватската репрезентација кога селектор беше Славен Билиќ.

Лука Модриќ-Франческо Тоти

Модриќ изминатите години е еден од најдобрите во светот на позицијата во редот за врска, а негов идол е иконата на Рома, Тоти. За разлика од Тоти кој целата кариера ја мина во Рома, Модриќ имаше поинаков пат, преку Динамо и Тотенхем стигна во Реал.

Пред три години Модриќ играше притив својот идол во натпревар во Лигата на шампионите, по мечот си ги разменија дресовите.

„Највредната размена на дресови. Тоти е мојот идол“, напишал Модриќ.

извор: index.hr

Scroll to Top