Top Sport

Игало: Бог ќе ми помогне да решам што ќе правам во иднина

Одион Игало од јануари е играч на Манчестер Јунајтед, не крие дека има желба да остане на „Олд Трафорд“. Фудбалскиот свет беше изненаден кога во финишот на последниот преоден рој Јунајтед од Шангај Шенхуа го донесоа на позајмица нигерискиот репрезентативец.

Намерата на Кинезите е Игало да се врати во клубот. За да го врата тие му нудат неделна плата од 400.000 евра.

Од друга страна тој се надева дека Јунајтед ќе го откупат неговиот договор.

„Се уште нема никаква понуда. Актуелната сезона се уште не е завршена, најпрвин мора да ми заврши позајмицата. Одлуките во животото не ги носам сам. Имам принципи и насоки за се што правам. Секогаш му се молам на Бга да ми го покаже вистинскиот пат“, рекол Игало.

Нигериецот има одиграно осум натпревари за Јунајтед на кои постигнал четири гола.

Scroll to Top