Top Sport

Игало ја одбил Барса бидејќи „заслужувал нешто подобро“

Нигерискиот напаѓач Одион Игало вели дека ја одбил можноста да се приклучи на гигантот Барселона како позајмен фудбалер во јануари бидејќи „заслужувал нешто подобро“ од краткотраен договор, дури и во клуб како Барса.

Поранешниот фудбалер на Ватфорд имаше 21 гол во Кинеската Суперлига, но не успеа да ги спаси Чангчун Јатаи од испаѓање, по што го привлекол вниманието на каталонскиот гигант. Тоа немаше да биде првпат Барса да бара помош во нападот од Кина, откако Паулињо одигра една година во 2017/18 по импресивните игри на далечниот исток. Но, Игало не сакал ваков договор.

„Мојот агент ми зборуваше дека Барселона се заинтересирани за позајмица бидејќи им требаше искусен напаѓач и некој кој го разбира шпанскиот фудбал. Се работеше за шестмесечна позајмица како поддршка на напаѓачите. Знам дека секој фудбалер би бил среќен да игра за Барселона, но со целосна почит јас ја завршив сезоната како втор најдобар стрелец во Кина со 21 гол, и заслужував нешто повеќе од таков договор. Ја одбивме понудата и решивме да прифатиме трансфер во Шангај Шенхуа со вистински договор“, вели Игало за „Би-би-си“.

Scroll to Top