Одион Игало признава дека уживал во својот прв гол во дресот на Манчестер јунајтед, но исто така призна дека му донело и тага бидејќи неговата сестра Мери не била жива да го види тој момент.
30-годишниот Нигериец во својот прв старт за „ѓаволите“ постигна гол при 5:0 победата над Клуб Бриж и тоа го прослави со кревање на дресот под кој имаше маичка со ликот на неговата сестра која починала во декември.
„Таа беше навивач на Манчестер јунајтед и се молевме за овој момент да играм за овој клуб, но за жал таа не е тука да ме гледа. И ветив дека секој гол ќе биде посветен на неа и се надевам дека каде и да е сега, ме гледа и е среќна. Сонував да играм за Јунајтед, сонував да постигнам гол. Да се слушне песната на ’Олд Трафорд’ за мене беше нешто на што ќе се сеќавам цел живот“, вели Игало.
Мери Атоле, сестрата на Игало, почина на 43 години откако колабираше во својот дом во Канада на 12 декември.
Odion Ighalo finally gets his first goal for Manchester United, making ?? history in the process ☝? pic.twitter.com/CrDurcjlkR
— ?? The Irregular Show ?? (@1IrregularShow) February 27, 2020
A lovely tribute from Ighalo ❤️
The forward dedicates his first Man United goal to his sister who recently passed away pic.twitter.com/fP8V9nQNzR
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 27, 2020