Тренерот на калчолигашот Верона, хрватскиот стратег Игор Тудор е позитивен на Ковид 19.
На официјалната страна на клубот е соопштено дека тренерот има коронавирус иако тој е вакциниран. Тудор се чувствува добро и се наоѓа во куќна изолација.
Со оглед дека сега се во прекин првенствените мечеви поради репрезентативните акции, оваа апстиненција на поранешниот фудбалски дефанзивец нема премногу да се одрази на неговата екипа која во последниот период игра во одлична форма.
По трите стартни порази во сезоната, Тудор седна на клупата на Верона, а оттогаш оствари 4 победи, 4 нерешени и само 1 пораз.
Верона во моментов е на 10-тата позиција на табелата, а „жолтите“ ги победија Рома, Лацио и Јувентус, а во неделата ремизираа со лидерот Наполи.