Милан, во зимскиот преоден рок, има желба да се засили со капитенот на Б-тимот на Барселона, Алекс Коладо. Коладо има договор со Барселона со јуни 2023 година, за првиот тим дебитирал на 4.мај 2019 против Селта.
Коладо (22), во финишот на преодниот рок требаше да замине на позајмица во Шефилд јунајтед. Клубовите постигнаа договор, меѓутоа позајмицата пропадна поради административни причини. Документите не стигнале на време во Шефилд, поради што Барселона не успеа да го регистрира фудбалерот за настап во првиот дел од сезоната.
Голем интерес за 22-годишникот покажале челниците на Милан, Според „Мундо Депортиво“, од Милан го чекаат јануарскиот преоден рок за да достават конкретна понуда.
Според „Трансфермарк“, Коладо има предност од пет милиони евра.