Top Sport

Играч на Челси не сакал да игра за Англија: Во мене тече албанска крв!

Албанија во Тирана по многу перипетии утре ќе ја пречека селекцијата на Англија, а на овој меч се чини очите на светската јавност ќе бидат вперени кон Армандо Броја.

Овој висок напаѓач на Челси кој моментно е на позајмица во холандски Витесе имал понуда во помладите категории да го облече дресот на „Гордиот Албион“, но тој тоа го одбил за да игра за Албанија.

Има 19 години и во септември дебитираше за Албанија на мечот против Литванија. Роден е во Велика Британија, но родителите му се Албанци.

„Тоа е голема одлука, секако, кога одлучувате за кого ќе играте. Во мене тече албанска крв, јас сум Албанец, родителите ми се Албанци, така што ми беше лесно да одлучам“ рече Броја.

Пред утрешниот меч во Тирана, двете селекции се на врвот на групата со по 3 бода. Албанија со 1-0 славеше против Андора, а Англија со 5-0 го победи Сан Марино.

Scroll to Top