Езекиел Есперон (23) не го преживеал падот од шестиот кат. Тој починал во болницата во Буенос Аирес. Несреќата се случила во неделата.
Фудбалскиот свет го потресе уште една трагедија, откако забавата на која Есперон бил со пријателите завршила со трагичен инцидент.
Фудбалеро бил во еден стан на шесттиот кат со своите пријатели, а настрадал откако паднал од балконот. Се претпоставува дека Есперон се навалил на оградата која не била доволно добро прицврстена. Под тежината на телото оградата попуштила.
Есперон починал во болницата во Буенос Аирес.
Полициската истрага исклучува насилна смрт, според нивниот извештај станува збор за несреќен случај.
Професионалната кариера Есперон ја започнал во Ол Бојс од Буенос Аирес, потоа се пресели во Бразил, во Интернасионал од Порто Алегре. Еден период бил и член на другиот клуб од овој град, великанот Гремио. Последен клуб во кариерата му бил Атланте во Мексико.
Изминатите седум месеци Есперон бил без клуб.