Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хесе Родригес, на СМС пораки потрошил 5.000 евра, само да ја елиминира од реалното шоу „Големиот брат“, својата поранешна девојка Аура Руис.
Хесе, сега е член на Пари Сен Жермен, но сезонава за овој тим нема одиграно ниту една минута. Шпекулациите велат дека во јануари би можел да се врати во Шпанија и тоа во редовите на Ваљадолид.
Фудбалерот и Аура Руис имаат син, кој е роден прерано. Поради тоа детето има здравствени проблеми.
Хесе и Руис оваа година ставија крај на врската, откако Аура Руис го обвини фудбалерот дека не ги исполнува обврските што треба да ги има еден татко.