Top Sport

Играч од 60 милиони евра финалето во Купот го гледа од трибините

Миралем Пјаниќ , вечерва, го доживеа најтешкиот момент во кариерата. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, финалето во Купот на Шпанија, го следи од трибините. Роналд Куман не го внесе во протоколот за овој меч. Покрај Пјаниќ на трибините се Рики Пуџ и Жуниор Фирпо.

Пјаниќ, минатоот лето дојде во Барселона од Јувентус, а во спортиен правец замина Артур. Официјално, трансферот на Пјаниќ изнесува 60 милиони евра.

Прогнозите беа дека Пјаниќ ќе биде еден од клучните играчи на Барселона, меѓутоа тој досега одиграл само 1.275 минути, без постигнат гол и асистенција.

Куман смета дека Пјаниќ не се вклопува во неговиот систем и поради тоа фудбалерот најчесто седи на клупата на резерви, а вечерва прв пат е на трибините.

Scroll to Top