Најскапиот фудбалер во историјата на Партизан Сејдуба Сума најверојатно ја заврши кариерата во екипата од Белград. Играчот за кого Партизан плати 1,6 милиони евра во неделата на дуелот во Крушевац предизвика хаос во тимот.
Партизан му гостуваше на Напредак во Крушевац, а при резултат 2:0 за домашниот тим „црно-белите“ добија пенал. Во тој момент играчот од Гвајана започна да се расправа со соиграчот Ожеговиќ кој ќе го изведе пеналот.
Откако кратката расправија заврпи со „победа“ на Сума, а Ожеговиќ лут се повлече од соиграчот, од изведувањето на пеналот се откаѓа и напаѓачот од Гвајана.
На крајот пеналот го реализира Марко Јевтовиќ кој намали на 2:1, а се испостави дека тоа беше и конечниот резултат.