Фудбалерите на Црвена ѕвезда го повторија минато сезонскиот успех, изборија пласман во Лигата на шампионите. Во плејоф рундата Црвена ѕвезда успеа да го елиминира Јанг Бојс.
Црвена ѕвезда со самиот пласман во главната фаза во Лигата на шампионите ќе заработи околу 20 милиони евра, а за успехот клубот ќе ги награди фудбалерите.
Играчите за елиминацијата на копенхаген во претходната рунда беа наградени со по 50.000 евра, а челниците на клубот решиле по успехот над Јанг Бојс, секој играч да добие по 100.000 евра.