Top Sport

Играчите на Леванте добија порција навреди од бесните навивачи

Леванте незапирливо тоне кон Втората шпанска лига. Тимот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, по првиот дел од сезоната нема победа. Во овој момент, вклучувајќи го и финишот на минатата сезона, Левенте, се без победа во Примера на 27 натпревари.

Леванте, синоќа, доживеа дебакл во регионалната пресметка со Виљареал. Три гола прими Леванте во првото полувреме и уште два во финишот на натпреварот.

„Петардата“ во Виљареал предизвика револт кај фановите на Леванте.

Тие го чекале играчите пред стадионт, ги навредувале додека влегувале во автобусот. Потоа дел од навивачите речиси еден час разговарале со тренерот Алесио Лисчи.

Ништо подобро фудбалерите не поминале и кога пристигнале клупските простории на „Сиудад де Валенсија“ стадионот. И таму добиле порција навреди. Гневните навивачи побарале објаснување од капитените за лошата серија на која не и се гледа крајот.

Леванте, во првите 19 кола освоија само осум бода. Тимот во кој игра Барди е последен на табелата во Примера.

Scroll to Top