Top Sport

Играчите на ПСЖ заглавиле во лифт

Фудбалери на ПСЖ преживеале вистинска драма во хотелот во Лајпциг. „Светците“ од вчера се во овој германски град, каде вечерва треба да го одиграат натпреварот од третото коло, во Лигата на шампионите, против истоимениот тим.

По завршениот тренинг, додека се враќале во своите соби, десет играчи се заглавиле во хотелскиот лифт.

Тие биле заглавени речиси еден час, а за да бидат ослободени морале да реагираат и пожарникари.

Затворени во лифтот биле Кимпенбе, Паредес, Ди Марија, Маркињос, Фадига, Диало, Геје, Кеан, Дагба и Руиз-Атил.

Лајпциг и ПСЃ, својот натпревар ќе го започнат во 21.00 часот.

 

Scroll to Top