Играчот на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандез, превентивно бил пренесен в болница по дуелот со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски синоќа во Лисабон.
По половина час игра Ристовски и францускиот репрезентативец имаа „воздушен“ дуел по кој Хернандез остана да лежи на тревата. Главниот судија Мажиќ му покажа жолт картон на македонскиот репрезентативец, а левиот бек на Атлетико по укажана лекарска помош се врати на теренот.
Хернандез остана во игра, а беше заменет во полувремето. Превентивно во најблиската болница му биле извршени тестови кои покажале дека нема скршеница и дека се работи само за тешка траума.
Ристовски одигра добра меч, а на теренот на „Жоао Аверладзе“ остана до 80.минута кога од тактички причини беше заменет со напаѓачот Думбија.
Спортинг го победи Атлетико 1-0 во четврт-финалниот реванш во Лига Европа, меѓутоа во полу-виналето ќе игра тимот од Мадрид поради победата 2-0 во првиот натпревар.