Top Sport

„Играњето без публика е како жена без ци..и“

Фудбалерите на Болоња ќе играат против Парма во 32 коло во Серија А. Поради суспензија Синиша Михајловиќ нема да го води својот тим. Српскиот тренер во минатото коло, во кое Болоња сензационално го победи Интер среде Милано (1:2) доби црвен картон.

На прес-конференцијата пред мечот со Парма Михајловиќ не ги чекал новинарските прашања, бидејќи како што рекол „однапред знаел што ќе го прашаат.“

„Од десет прашања, девет се исти на секој прес. Би сакал да покажате повеќе креативност. Една година помина од мојата болест, тешко дека ќе ја заборавам и без вашите прашања. Годината беше по….а, но важно е дека децата и семејството се добри. Со Парма суди Маријани? Немам добри односи со судиите од Рим. Се надевам дека ситуацијата со коронавирусот ќе заврши бидејќи играњето без публика е ср..3. Секој што ќе ви каже дека играњето пред празни трибини е како жена без ци..и е во право“, рекол Михајловиќ.

Scroll to Top