Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, бил воодушевен од атмосферата на стадионот „Рајко Митиќ“. Црвена ѕвезда и Наполи, синоќа во Белград одиграа 0:0, во првиот меч во Ц-групата, во Лигата на шампионите.
„Прекрасна ноќ, бидејќи ваков стадион и амбиент не можете да видите секаде. Игравме против публиката, против навивачите, не против Црвена ѕвезда. Слично е и во Неапол. Разликата е само во тоа што навивачите на Црвена ѕвезда пејат во текот на целиот натпревар, поради што моите играчи заспаа, како бебе во прегратките на мајката….Поради тоа не победивме“, рекол контроверзниот претседател на Наполи.
Де Лаурентис го коментирал и резултатот на вториот меч од оваа група, во кој Ливерпул победи 3:2 против ПСЖ.
„Англичаните победија иако долго беше 2:2. Ние останавме на еден бод. Ќе мораме да ги победиме доколку сакаме да ги бидеме пред нив“.
Наполи во наредното коло ќе го пречека Ливерпул, а ПСЖ ќе игра против Црвена ѕвезда.