Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин, во зимскиот преоден рок би можел да го напушти клубот и да се пресели во Англија.
„Кориере дело спорт“, објави дека Челси се заинтересирани за Аргентинецот. Клубот од Лондон го предводи поранешниот тренер на Игуаин од Наполи, Маурицио Сари.
Аргентинецот сезоната има постигнато седум гола на 13 одиграни натпревари за Милан. Поради црвениот картон што го доби против Јувентус, тој не играше синоќа во Рим кај Лацио, а ќе го пропушти и наредниот меч на Милан со Парма.
Медиумите шпекулираат дека Игуаин ќе се оди, а ваквите шпекулации ги подгрева и тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, кој не бил убедлив во одговорот на прашањето околу иднината на напаѓачот во Милано.
„Мислам дека нема да си оди“, рекол Гатузо.