Гонзало Игуаин го предупреди својот поранешен соиграч од аргентинската репрезентација, Лионел Меси, ако ја направи неверојатната одлука и замине од Барселона да не избере клуб од Премиер лигата, бидејќи тоа е фудбал кој не му одговара.
Игуаин помина половина сезона во Челси во 2018/19, по што се врати во Јувентус, но сега повторно неговата иднина е неизвесна бидејќи се верува дека новиот тренер Андреа Пирло не смета за него.
„Страдав во Премиер лигата и не можев добро да се адаптирам тие шест месеци. Тоа е лига која не наликува на фудбалот во Ла лига. Таму, дефанзивците те клоцаат и те туркаат и не ти судат слободни удари како во Шпанија. Не знам како тоа би влијаело на Меси. Мислам дека е фудбалер од највисоко ниво и може да игра и таков фудбал, но само сакам да направи одлука која ќе биде добра за него. Ако е среќен, тогаш и другите ќе се среќни“, вели Игуаин за „Фокс спортс“.