Интер Мајами ќе му посака добредојде на Лионел Меси, вели Гонзало Игуаин, кој посочува дека може да замисли неговиот аргентински сонародник да му се приклучи во МЛС лигата, и покрај најавите на Барселона дека ќе му понудат нов договор (со намалена плата) на капитенот.
Игуаин, кој пристигна во тимот во сопственост на Дејвид Бекам од Јувентус, вели дека само треба да се „тестира“ желбата на Лео да остане во Европа.
„Андреа Пирло дојде во МЛС кога беше светски шампион, исто како Тјери Анри, Давид Вилја и Блез Матуиди. Не гледам причина зошто Лионел Меси не би пристигнал тука. Ако тоа го прави среќен, ние ќе го пречекаме со добредојде. Но, тој мора да реши каде сака да игра, на лично и на спортско ниво, бидејќи уште има моќ да се бори за титулата од Лигата на шампионите“, вели Игуаин за „ЕСПН“.