Дел од италијанските коментатори се шегуваат дека Гонзало Игуаин се крие под кревет и бара трансфер откако на тренинг на Милан успеа да го направи невозможното – го собори со лизгачки старт својот тренер Џенаро Гатузо.
Пред финалето на италијанскиот Супер куп утревечер против Јувентус, тренингот на Милан помина помалку комично, откако аргентинскиот напаѓач, кого шпекулациите го поврзуваат со трансфер надвор од „Сан Сиро“, му „влезе“ со две нозе на Гатузо.
Реакцијата на Рино? Се разбира, нов лизгачки старт!
Gonzalo Higuain’s tackle, and Gennaro Gattuso’s revenge.
All of this only two days out from the Supercoppa Italiana Final!#OptusSport pic.twitter.com/YJ6h8Bj8nj
— Optus Sport (@OptusSport) January 15, 2019
Игуаин, сигурно, знае со кого си има работа. Ако сте од помладата генерација која не го гледала Гатузо во акција, еве едно мало потсетување!