Top Sport

Игуаин ја поддржал одлуката Аргентина да не игра во Ерусалим

Фудбалската репрезентација на Аргентина, на 9.јуни, нема да го одигра пријателскиот натпревар против Изреал, во Ерусалим. Зачестените притисоци на Палестинците и безбедносната ситуација е причината што дуелот е откажан.

Претходно, претседателот на Фудбалската федерација на Палестина Џибрил Раџуб, ги повика арапските и муслиманските навивачи да ги запалат фотографиите и дресовите на Лионел Меси, доколку тој се појави на натпреварот против Израел.

Исто така, група на палестински навивачи одржа протест пред тренинг кампот, во Барселона, во кој се подготвуваат Аргентинците. Тие барале мечот со Израел да биде откажан.

„Конечно, тоа е вистинска одлука“, рекол напаѓачот на Аргентина, Гонзало Игуаин.

И покрај откажувањето на овој натпревар, аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли, сака неговиот тим до почетокот на Светското првенство да одигра уште еден натпревар.

Scroll to Top