Top Sport

Икарди е несреќен и во ПСЖ!

Иако се веруваше дека конечно го најде својот мир по заминувањето од Интер, Мауро Икарди е незадоволен и во Пари Сен-Жермен, каде што не се сеогласува со Нејмар и со Килијан Мбапе и тешко дека ќе остане на „Паркот на принцовите“, тврди францускиот спортски весник „Л’Екип“.

Аргентинецот, кој е пратен на позајмица од Интер, има 20 гола и 4 асистенции оваа сезона, а ПСЖ имаат опција да го купат поранешниот капитен на „нераѕурите“. Шпекулациите дека е незадоволен во Париз, веднаш ја отвараат можноста 27-годишниот напаѓач да замине во Јувентус, негова стара желба.

Според „Л’Екип“, Икарди најмногу е незадоволен што се чувствува „изоставен“ во тимот полн со ѕвезди, а исто така тврди дека Нејмар и Мбапе намерно не му подаваат.

ПСЖ се убедливо први во француската Лига 1, ќе играат финалиња во Куп де Франс и во лига-купот, а ги очекува и реванш против Борусија Дортмунд, откако во првиот меч бундеслигашот победи со 2:1.

Scroll to Top