Мауро Икарди на Инстаграм се пофали со нова интересна фотографија со неговата сопруга и агент, Ванда Нара, на која ѕвездата на Интер е гол и клечи пред својата муза. Ова е последна во низата на „контроверзни“ и „еротски“ фотографии на Икарди и неговата сопруга.
Икарди, од друга страна, е вклучен во долга расправија со Интер околу продолжувањето на договорот, кој му завршува во 2021. 26-годишниот Аргентинец во февруари остана и без капитенската лента, а ултрасите на Интер му замерија за наводното одбивање да игра обвинувајќи го дека „лажирал“ повреда на коленото.