Top Sport

Икарди ја сруши Аталанта, Интер го скокна Јувентус

Фудбалерите на Интер ја совладаа Аталанта со 2:0 во претпоследниот натпревар од 13.коло во Серија А. Повторно херојот на Интер беше капитенот Мауро Икарди кој ги постигна двата гола.

Интер против Аталанта ја забележа десеттата победа оваа сезона со која се искачи на второто место на табелата со 33 бода, два помалку од лидерот Наполи.

Аталанта на фаворитот му пружи добар отпор, особено во првиот дел, но во вториот блесна Икарди кој постигна два гола со глава во 51. и 60.минута.

Икарди сезонава има постигнато 13 голови на исто толку натпревари.

Scroll to Top