Top Sport

Икарди ќе го продолжи договорот со Интер?

Мауро Икарди, во јануари, ќе потпишен нов договор со Интер, објави во понеделникот „Газета дело спорт“. Во текот на зимската пауза, новиот спортски директор на Интер, Бепе Марота, планирал да закаже состанок со претставниците на Аргентинците.

„Газета дело спорт“, открива дека Интер на Икарди ќе му понудат договор до јуни 2023 година. Она што засега ги кочи преговорите е платата што треба да ја заработува капитенот на Интер.

Интер на 25-годишниот напаѓач му понудиле шест милиони евра годишно, плус одредени бонуси, но неговата сопруга, која е и негов менаџер, Ванда Нара, побарала осум милиони евра годишно.

Наводно доколку се согласи да го потпише новиот договор ќе мора и да се откаже од откупната клаузула која во актуелниот договор изнесува 110 милиони евра.

Scroll to Top