Мауро Икадри и неговата сопруга, која воедно е и негов менаџер, Ванда Нара, подготвувале тужба за мобинг против фудбалскиот клуб Интер. Икарди ќе се повика на „случајот Пандев“ кога тој го тужеше Лацио и потоа го доби спорт, па како слободен играч замина во Интер.
Икарди е непожелен во Интер иако тој редовно си ги исполнува обврските кон клубот. Не беше на турнејата во Азија, но редовно тренирал и немал никаков проблем да остане во Интер.
Кога веќе не го сакаат во Интер тој инсистирал на трансфер во Јувнетус. Поради тоа ги одбил понудите на Наполи и Рома, а исто така не сакал да оди на позајмица во Арсенал.
Икарди сака во Јувентус, наводно имал и ветување од „старата дама“, но работите можат да се сменат доколку во Торино пристигне Ромелу Лукаку. Во тој случај Јувентус ќе мора да се ослободи и од Марио Манџукиќ и од Гонзало Игуаин.