Мауро Икарди се подготвувал да се врати во Италија, иако Пари Сен Жермен најавија дека ќе го откупат неговиот договор од Интер.
Аргентинецот на почетокот на сезоната како позајмен играч од Интер пристигна во Париз. Клубовите договориле дека ПСЖ ќе можат да го откупат за 70 милиони евра.
Икарди игра добр во ПСЖ веќе има постигнато 19 голови во сите натпреварувања, но според италијанските медуми тој нема намера да остане во Париз.
Француски „Лекип“ дури пишува дека тој имал намера да вложи вето на договорот помеѓу Интер и ПСШ и да го стопира трансферот. Во тој случај би стекнал право да преговара со друг клуб.
Икарди имал намера да го следи примерот на Мохамед Салах од 2015 година. Египќанецот тогаш како позајмен фудбалер од Челси играше во Фиорентина, а кога „виолетовите“ сакале да го откупат неговиот договор тој ставил вето и постигна договор со Рома.
Кога станува збор за Икради гласни се шпекулациите дека тој од наредната сезона ќе го носи дресот на Јувентус.