Top Sport

Икарди не е заинтересиран за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, во разговор со италијанските новинари, открил дали е реален неговиот трансфер во Реал Мадрид.

„Мислам дека сега не е вистинскиот момент. Овде се чувствувам добро. Секогаш имав јасни цели во мојата кариера, првата беше да го вратам Интер во Лигата на шампионите и тоа го направивме. Втората цел е да освојам нешто со овој клуб. Спортскиот директор состави добар тим и покрај тоа што немаше можност да троши многу пари“, рекол Икарди.

Аргентинецот е актуелен и поради преговорите што веќе долго време ги води со клупските челници, а кои се однесуваат на продолжувањето на неговиот договор.

„Кога ќе дојде вистинското време ќе го продолжиме договорот. Имаме време“, рекол капитенот на Интер.

Икарди со Интер, вечерва од 20.30 часот, во дербито на колото во Серија А, ге гостува кај Рома.

Scroll to Top