Top Sport

Икарди се сретна со Роби Вилијамс (видео)

Капитенот на Интер, Мауро Икарди по фантастичниот гол за израмнување над Тотенхем (по што Матијас Весино постигна гол за победа), имаше шанси да се сретне со еден од своите омилени пејачи, британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс.

Во Милан, и така град на модата, во текот е модната недела, и напаѓачот присуствуваше на шоуто на „Армани“ на аеродромот Линате заедно со својата сопруга Ванда, а посебен гостин беше Вилијамс, кој го позна фудбалерот и се поздрави со него.

Вилијамс, како и повеќето Британци, е голем фудбалски фан, и во минатото имаше купено 25 отсто од својот омилен клуб, нисколигашот Порт Вејл.

Scroll to Top