Top Sport

Икарди шоу во Џенова, Аргентинецот ја декласира Сампдорија (Видео)

Фудбалерите на Интер ја декласираа Сампдорија 5:0 на гостувањето во Џенова, во ранките на 29.коло во Серија А.

На стадионот „Мараси“ блескаше Мауро Икарди кој во интервал од 21 минута постигна четири гола.

Перишиќ го постигна првиот гол на натпреварот во 26 минута, а потоа Аргентинецот го започна своето шоу.

Икарди погодуваше во 30., 31., 44. и 51 минута.

Интер со оваа победа остана во трката за четвртата позиција на табелата, додека Сампдорија се оддалечи од местата што водат во Лига Европа.

Scroll to Top