Top Sport

Илаиш Мориба заминува во Лајпциг

РБ Лајпциг го добија талентот на Барселона, Илаиш Мориба, тврдат повеќе извори, со што каталонскиот клуб се ослободува од „бунтовникот“, кој не сакаше да потпише нов договор со намалена плата.

За 18-годишниот Мориба, Лајпциг ќе плати 16 милиони евра, но сумата може да порасне на 22 милиони евра со бонусите. Тинејџерот веќе е на пат за Германија да ги комплетира медицинските тестови пред потпишувањето на четиригодишниот договор.

Илаиш се смета за еден од најталентираните млади фудбалери кои произлегле од „Ла масија“ во последните години, а за Барса минатата сезона имаше 18 настапи. Тој имаше договор со кој заработуваше 1 милион евра по сезона (највисока плата за јуниор во клубот), но неговите агенти наводно бараа нов договор со далеку повисока плата. Поради ова, тој беше исфрлен од првиот тим и од Барса Б.

Scroll to Top