Top Sport

Илијоски ќе „тресе“ за Шкупи

Новиот сопственик на ФК Шкупи, Шефшет Демири не се шегува, носејќи ново засилување пред пролетниот дел во македонскиот шампионат, ангажирајќи го најдобриот стрелец во историјата на првенството, Баже Илијоски.

Поранешниот фудбалер на Работнички, Металург и Пелистер, Илијоски, кој има 130 гола во првенството, потпиша 18-месечен договор со клубот од Чаир, кој претходно се засили и со Благоја Љамчевски, Стефан Вујчиќ и Рон Броја покажувајќи дека има големи амбиции во следниот период.

Scroll to Top