Наполи синоќа во Рим го освои трофејот наменет за победникот во Купот на Италија. Наполи по изведувањето на пенали го победи Јувентус со 4:2.
Од белата точка сите играчи на Наполи постигнаа гол (Инсиње, Полтано, Максимовиќ, Милик), додека на спротивната страна Мерет го одбрани пеналот на Дибала, а Данило го промаши голот, презизни беа Бонучи и Рамзи.
Натпреварот на Олимпико во Рим се одигра без публика поради строгите правила за заштита од коронавирусот, меѓутоа правилата не важеа во Неапол.
Низ градските улици по голот на Милик илјадници граѓани излегоа да го прослават првиот трофеј што го освои клубот по 2014 година.