Потпретседателот на Суринам, Рони Брунсвик е сопственик на фудбалскиот клуб, Моенготапое. Вчера, тој не бил само газда на клубот туку и капитен и играч. Интересно е што Брунсвик има 60 години. Брунсвик играше за својот тим, во првото коло во Лигата на шампиони на КОНКАКАФ. Моенгопатое загуби од Олимпија од Хондурас 0:6.
Њујорк тајмс, пред неколку години објави интересен текст за неговиот живот. Според овој медиум, Брунсвик, во оваа држава бил бунтовник, фудбалер, човек баран со потерница поради грабеж на банка и татко на најмалку 50 деца. Во Европа бил осуден за трговија со дрога.
Во текстот се тврди дека е тој најзаслужниот за воведувањето на демократијата на Суринам. Исклучително е богат, а во својата земја е позната како човек кој сака да донира.
Њујорк тајмс, пишува дека за денот од пред неколку години кога од хеликоптер им фрлал пари на сиромашните.