Top Sport

Има ли место за Кутињо во новата Барса?

Доаѓањето на Антоан Гризман на „Ноу Камп“ може да биде лоша вест за Бразилецот Филипе Кутињо, откако првите извештаи од Каталонија велат дека Французинот ќе ја добие „седумката“ од поранешниот фудбалер на Ливерпул и со Лионел Меси и Луис Суарез во составот, тешко е дека тој ќе добие голема шанса.

Кутињо би можел да се врати во средината на теренот, но и таму има огромна конкуренција во Серхио Бускетс, Френки де Јонг, Серхи Роберто, Иван Ракитиќ и Артур и според шпанскиот „АС“ можно е Барселона да се согласат на трансфер на засилувањето кое разочара по скапиот трансфер од Премиер лигата.

Сепак, и можната продажба не е така едноставна. Барселона плати 120 милиони евра за Бразилецот, и ваква сума тешко дека ќе можат да извлечат, а и интересот не е голем. Пари Сен-Жермен беа заинтересирани, а Барселона сметаа дека можат да го вклучат во операцијата за враќање на Нејмар на „Ноу Камп“, но таа варијант станува сè понеизвесна. Манчестер јунајтед беа посочени како клуб кој би можел да плати висока цена за него, а постоеја гласини и дека Ливерпул се заинтересирани за враќање на нивниот поранешен фудбалер, но досега нема ниту една понуда за него.

Scroll to Top