Во последниот меч пред интернационалната пауза, Мохамед Салах ги воодушеви фудбалските фанови со неверојатниот соло гол против Манчестер сити, за кој Јирген Клоп изјави дека покажува дека Египќанецот во моментов е најдобриот фудбалер на светот и на ниво на Лео Меси и Кристијано Роналдо, а при враќањето во Премиерлигата, тој докажа дека не го загубил допирот.
На самиот старт на гостувањето кај Вотфорд, Салах ја затресе пречката (иако претходно имаше офсајд), пред во 9. минута од мечот, да упати една неверојатна асистенција до Садио Мане, за Сенегалецот да го постигне својот 100. гол во Премиерлигата, како трет африкански фудбалер во историјата по Дидие Дрогба и самиот Салах.
Чиста магија.
WHAT A GOAL BY SADIO MANE. ABSOLUTE WORLD CLASS PASS BY SALAH AND THE FINISH ? 1-0 LIVERPOOL pic.twitter.com/7xVgRAnxr6
— RonaldoFan7 (@ManUtdRonaldo7) October 16, 2021