Бурнмаут со гол од пенал во финишот на натпреварот успеа да стигне до четвртата победа оваа сезона во Премиер лигата, триумфирајќи со 2:1 над Кристал палас.
Бурнмаут дојде во водство уште во петтата минута, откако младиот фудбалер на „црешите“, Дејвид Брукс го постигна својот прв гол во ПЛ, но Патрик ван Анхолт израмни од офсајд-позиција со убав гол во 55. минута.
Сепак, „правдата“ беше тука – Сако играше со рака во финишот на натпреварот, по што Џуниор Станислас беше сигурен од белата точка. Ова е само втора победа во седмиот дуел во Премиер лигата на Бурнмаут против Палас.