Top Sport

Има само една желба за 60 роденден, да ѝ даде гол на Англија со десната рака

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, денес наполни 60 години.

Марадона, за разлика од годините претходно, 60 роденден ќе го прослави скромно. Тој се наоѓа во самоизолација, откако еден човек од неговото обезбедување, бил позитивен на коронавирусот.

На прашањето што сака да за својот роденден, Марадона се пошегувал.

„Сонувам да постигнам уште еден гол против Англија, овој пат тоа да биде со десната рака“.

Гол со лева рака, Марадона постигна на СП во 1986 година. Во четврт-финалето на Мундијалот, против Англија, Марадона постигна два гола, првиот е еден од најпознатите во историјата на фудбалот.

Овој гол Марадона го нарече „Божја рака“.

Scroll to Top