Еден од најголемите европски талнети Каи Хаверц во летниот преоден рок би се преселил во Баерн Минхен, а не во Ливерпул, тврди „Скај Спорт“.
Наводно двата клуба биле заинтересирани за 20 годишниот фудбалер. Уште пред неколку месеци тој се поврзуваше со трансфер кај својот сонародник Јирген Клоп во Ливерпул.
Сепак според „Скај Спорт“, Хаверц сметал дека се уште е млад за да замине во странство и дека за неговата кариера би било подобро да остане уште некоја година во Германија. Реална опција тогаш ќе му биде Баерн Минхен.
Хаверц кој може да игра на неколку позиции во тимот оваа сезона запишал десет гола и осум асистенции.
Неговиот договор со Баер Леверкузен истекува во 2022 година, а според некои проценки неговата вредност е 90 милиони евра.